На Марс првпат забележан „марсотрес“ од летало на НАСА

Мониторот на „ИнСајт“ го снимил потресот на 6 април, а потоа уследиле уште три послаби земјотреси.

204

Роботското летало на НАСА „ИнСајт“, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, регистрира мал земјотрес на Црвената планета.

Тоа е прв забележан „марсотрес“.

Како што НАСА соопшти синоќа, мониторот на „ИнСајт“ го снимил потресот на 6 април, а потоа уследиле уште три послаби земјотреси.

Францускиот научник Филип Лоњон изјави дека е возбудливо што конечно имаат доказ дека Марс е сеизмички активен.

Францускиот сеизмометар поставен е на површината на Марс минатиот декември, неколку недели пред слетувањето на „ИнСајт“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...