Автопатот Приштина – Скопје ќе се пушти во употреба на 29 мај

1066

Автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Северна Македонија, ќе биде целосно пуштен во употреба на 29 мај оваа година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за привршувањето на градежните работи на автопатот од Приштина до Генерал Јанковиќ, односно до граничниот премин Блаце меѓу Косово и Северна Македонија, ја изнесе Министерството за инфраструктура на денешната седница на косовската Влада, откако премиерот Рамуш Харадинај побарал извештај за текот на работите на автопатот.

– Премиерот доби одговор од заменикот министер за инфраструктура дека пуштањето во употреба на овој автопат е планирана да се одржи на 29 мај, додека за исполнувањето на финансиските обврски од страна на Министерството се изготвува извештај што ќе биде презентиран пред владиниот кабинет многу наскоро – се вели во соопштението по седницата на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...