Барселона на гостувањето кај Севиља во натпреварот од 30. коло во Примера ќе го претрпеше првиот пораз во шпанското првенство, но Лионел Меси му донесе реми и бод на каталонскиот клуб.
Домаќините со головите на Васкез и Муриел во 50 минута стигнаа до предност од 2:0. Севиља потоа имаше уште неколку шанси и двојното водство го задржа до 88. минута.
Меси на теренот влезе во 58. минута на местото на Дембеле, а играта на Барселона веднаш стана подобра.
Во 88. минута Луис Суарез беше прецизен и намали на 2:1, а само една минута подоцна и Меси даде гол за конечни 2:2.
Барселона со 76 бодови е на врвот од табелата по 30 одиграни натпревари, додека второпласираниот Атлетико Мадрид има 64 бодови и натпревар помалку.