Роналдо побегнал од децата во Дубровник, а Георгина им се потсмевала

Многубројните фанови се обидувале да му се приближат на Роналдо и да земат некој автограм или да направат селфи.

992

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо од саботата престојува во Дубровник воочи последниот дел на сезоната.

Јувентус во саботата го одбрани насловот на италијанскиот првак, а играчите добија неколку дена слободно. Роналдо неколку часа по прославата се упатил со приватен авион во Дубровник, каде ужива во луксузот, пренесува „Индекс.хр“.

Роналдо пристигнал заедно со својата девојка Георгина и неколку пријатели со кои уживаат во вечерите. На една таква вечера биле и синоќа во центарот на Дубровник, каде јаделе јапонска храна.

Многубројните фанови се обидувале да му се приближат на Роналдо и да земат некој автограм или да направат селфи, но само на неколку од нив тоа им успеало во текот на овие неколку дена, а на останатите им побегнал.

Ресторанот во кој синоќа Роналдо престојувал бил заклучен и под високо обезбедување.

Како што пренесува „Дубровачки дневник“, во едно од бегствата од љубопитливите фанови, Георгина седејќи во комбето им се смеела и ги исмејувала децата кои останале разочарани од постапката на Роналдо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...