Лидерот на ВТА листата може да се промени по турнирот во Штутгарт (Германија) кој се игра во текот на оваа недела. Закана за првиот светски рекет Наоми Осака (Јапонија) се Симона Халеп од Романија и чешката тенисерка Петра Квитова.
Ако Осака загуби на првиот натпревар од турнирот, Халеп мора да стигне до финалето за да се избори за првото место на ВТА листата. Што се однесува до Квитова, таа ќе мора да го освои турнирот.
Во случај Јапонката да победи на првиот меч, Квитова ќе остане без шанси за првата позиција па дури и да го освои турнирот, додека Халеп со трофејот од Штутгарт би избила на врвот.
Романката ќе може да ја помине Осака и во случај да триумфира во Штутгарт, а Осака да не стигне до финалето.
Ако Јапонката избори финале, таа ќе го задржи водството во пласманот без оглед на другите резултати.
Осака е на врвот на ВТА ранг листата веќе 13 седмици.
ФОТО: EPA / ALI HAIDER