На Граничниот премин „Меѓународен aеродром-Скопје“ половина час по полноќ пристигнал авион што сообраќал на релација Базел-Скопје и било пријавено дека во него имало лице кое не дава знаци на живот.
Во 10 минути до 1 часот лекар констатирал смрт без траги на насилство кај К.К.(74) од Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.