Тајлер Блекбрн призна оти е бисексуалец: Уморен сум од грижа што другите ќе мислат за мене

557

Актерот Тајлер Блекбрн зборуваше за својата сексуална ориентација, велејќи дека неговата улога во „Росвел, Њу Мексико“ била една од причините за да си ја отвори душата.

– Се идентификував како бисексуалец уште како тинејџер – рекол тој за „The Advocate“.

Триесет и двегодишниот Блекбрн сфатил дека не е ниту геј, ниту стрејт. Кога завршило неговото време како Кејлеб Риверс во „Слатки мали лажливки“, му се отворила нова врата во животот.

– Слушав толку многу работи за бисексуалците, полесен начин да се изјаснеш и што ли уште не. Тоа секогаш ми пречеше, се чувствував притиснато од сите страни дека морам да си ја дознаам сопствената сексуална ориентација – рекол тој.

Блекбрн сега го игра геј ветеранот Алекс Мејнс во серијата „Росвел, Њу Мексико“.

– Сфатив дека се чувствувам угнетено. Сфатив дека имам проблеми со татко ми и дека сакав тој да ме прифати таков каков што сум. Сфатив дека сакам да имам нешто, но се плашев да го добијам. Сфатив дека се сомневав во самиот себе – рекол актерот.

Потоа, ѕвездата на „Рејвенсвуд“ сфатил оти е изморен од тоа да се грижи што мислат другите за него.

– Сакам да ја живеам вистината и да се чувствувам океј што дозволувам да ја искусам љубовта, но и љубовта кон самиот себе. Сакам да се чувствувам добро што ќе ја држам раката на моето момче додека одам по улицата, безгрижно. Дали некој ќе ме погледне и ќе рече „Леле, нели е тоа момчето од онаа серија? Не знаев дека е таков“. Сакам да имам свој простор – додал актерот.

Тој претходно беше во врска со неговата љубов во „Слатки мали лажливки“, Ешли Бенсон, како и со сценаристот Лорен Хувер.

ФОТО: Принтскрин / Холивуд лајф

ФОТО: Инстаграм

ФОТО 2: Принтскрин / Холивуд лајф

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...