Четворица осомничени биле уапсени поради филмскиот грабеж на аеродромот во Тирана, соопшти албанската полиција. Три лица биле уапсени во Елбасан, а едно во Кроја поради грабеж на пет милиони евра.
Претходно, беа украдени пари натоварени во авион на австриска авиокомпанија, според „Танјуг“.
При грабежот, еден ограбувач беше убиен.