До крајот на денешниот неделен ден ќе продолжи да дува засилен ветер кој од југозападен постепено својот правец ќе го менува во западен правец.
Локално брзината на ветерот ќе достигнува брзина одоколу 70 км/час (можно е и повеќе).
Времето ќе биде промелниво облачно со сонечви периоди во текот на денот додека рано наутро и претпладне ќе има врнежи од дожд, а можни се и ретки грмежи.
Локални врнежи од дожд и услови за појава на грмежи ќе има и во текот на денот додека на повисоките планини особено на запад ќе има врнежи од снег.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени на запад и север додека во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.