Санционирани се 18 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволеното, исклучени се од сообраќај десет лица пред да се стекнат со право на возење, како и 11 нерегистрирани возила, две со претовар и едно технички неисправно.
Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 59 возила.
Шестмина возачи поминале крстосница на црвео светло, петмина не носеле сигурносен појас, 11 зборувале на мобилен, двајца се престроиле неправилно.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во СУГС „Сарај“ во општина Сарај.