Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски го постигна единствениот гол за својот тим Палермо синоќа на домашен терен на дуелот со Падова. Натпреварот заврши нерешено, 1:1.
Цел натпревар за тимот од Сицилија одигра и вториот македонски репрезентативец, Илија Несторовски.
Со освоениот бод Палермо има вкупно 57 од 32 натпревара и се наоѓа на третата позиција на табелата во Серија Б.
На првите две места кои носат директен пласман во Серија А се Бреша со 63 бода и Лече со 60 и натпревар повеќе од Палермо.
Во следното коло Палермо на 27 април му гостува на Ливорно.