УХМР во 2 по полноќ се огласи: Очекувајте порои!

Можни се порои во сливните сливните подрачја на Треска, Радика, Црн Дрим, Сатеска, Црна, Коселска и во горниот дел од сливот на Вардар. Најкритично е во Охридскиот и во Струшкиот регион.

7413

Точно во 2 часот по полноќ, од Секторот за хидрологија на Управата за хидрометеоролошки работи стаса најнова хидролошка информација, што ја објавуваме во целост:

„За време на претстојнава ноќ, како и во раните утрински часови се најавуваат врнежи од дожд кои на некои места ќе имаат пороен карактер така што за кратко време се очекува да наврнат и над 20 l/m2 дожд, додека на повисоките планини врнежите да бидат во вид на снег. Според прогнозата на синоптичарите врнежите ќе започнат прво во западните делови на земјата , каде се очекува да бидат и пообилни, за подоцна да се префрлат во источните и да ја зафатат целата територија на Република Македонија. Моментално водостоите на реките низ земјава се високи и се над просекот за овој период од годината, иако во иминативе денови бележат извесно намалување.

Најавените врнежи за време на ноќва се очекува да ги зголемат водостоите на реките особено на водотеците во западниот дел на земјата, односно во сливните подрачја на р.Треска, р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска, р.Црна, р.Коселска, горниот дел од сливот на р.Вардар, но исто така исто така поради големата влажност на земјата се очекува брза реакција и зголемување на водостојот и на водотеците во останатиот дел од земјава. Поради можната појава на поројни врнежи од дожд, можна е побрза реакција и на помалите водотеци со мали сливни површини како и на суводолиците кај кои при вакви околности доаѓа до брзо формирање на истекувањето и каде е можно да дојде до локални излевања, особено на водотеците и суводолиците во западнит и северниот дел на земјава.

Исто така, изминатиов период поради обилните врннежи од дожд и топењето на снегот дојде и до значително зголемување на водостојот на природните езера во земјата, како и на дел од вештачките акумулации. Особено треба да се нагласи состојбата со Охридското Езеро каде денеска водостојот беше 25 см над дозволениот максимум и веќе ја достигна критичната кота од 694 м.н.м. при која веќе се можни локални излевања на езерото во неговото потесно крајбрежје. Очекуваниот јужен и југозападен ветер за време на ноќта може само дополнително да ја влоши состојбата и да предизвика излевања на езерото долж неговото крајбрежје (на шеталиштето во Охрид, кај пристаништето, на делот од крајбрежјето што води кон Канео, на дел од плажите, како и на сите оние места кои се наоѓаат блиску до езерското крајбрежје.

Исто така поради очекуваното зголемено ниво на подземните води во Охридско-Струшкиот регион како и поради најавената појава на интензивни врнежи од дожд можно е да дојде до брзо истекување во градските урбани средини каде нема можност за впивање на водата и каде целиот дожд би се појавил како директно истекување по улиците. Ваквата појава е можна во сите градски населени места (особено во западниот и северниот дел) каде за кратко време се очекуваат силни интензивни врнежи од дожд.

Исто така, поради зголемното изпуштање на водата од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим, како и поради усмерениот тек на дел од реката Сатеска (кон Црн Дрим) се очекува доста голем водостој на р.Црн Дрим низводно од истекот од Охридското Езеро. Поради тоа можни се локални излевања на реката во Струшкото Поле и низводно кон акумулацијата Глобочица (с.Ташмаруништа). Поради исполнетоста на акумулацијата Глобочица (од дотекот на р.Црн Дрим во неа) и испуштањето на голема количина на вода од преливот се очекува значително висок водостој на р.Црн Дрим низводно од Глобочица а можни се и локални излевања на тој потег (кај Луково, како и на делови од патниот правец Струга-Дебар). Исто така поради очекуваниот пороен карактер на врнежите можни се појави на одрони и свлечишта. Посочуваме на внимателно следење на состојбата и претпазливо движење покрај реките и суводолиците.“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...