Индепендент“: Путин одбива да му честита на новиот претседател на Украина

439
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Рускиот претседател Владимир Путин одбива да му честита на новиот шеф на украинската држава Володимир Зеленски за неговата убедлива победа на вчерашниот втор круг од претседателските избори, објави лондонски „Индепендент“.

Весникот се повикува на изјава на портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, кој нагласи дека засега „се уште е многу рано да се говори за честитки за господин Зеленски“ или да се коментира перспективата за идната соработка меѓу Москва и Киев.

– Ние ги почитуваме украинските избори, уште повеќе што одлуката на луѓето беше многу јасна. Но, легитимноста на тие избори се уште е под знак прашање, бидејќи 3.5 милиони луѓе не можеа да гласаат – изјави Песков, алудирајќи на жителите на источниот украински регион Донбас, што е под контрола на локалните проруски сепаратисти.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...