Во Основниот суд Скопје 2, денеска беше изречена пресудата за судскиот спор помеѓу Вице Заев и Алексанар Николовски, во кој братот на премиерот го тужеше по потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, за клевета.
Меѓутоа, судот само делумно ја прифати тужбата односно одлучи дека Николовски само во дел од изјавата го наклеветил, а го одби и барањето тој да плати 500 евра оштета.
Вице Заев го тужеше Николовски за клевета и навреда бидејќи во изјава на една национална телевизија споменува „наместени тендери за братот на премиерот“, кој како што вели партискиот функционер, е главен бизнис фактор во државата.