По 40 дена Неда Арнериќ излезе од болница, за неа ќе се грижи брат ѝ

Покрај славната актерка нонстоп е нејзиниот брат кој таа вечер, 27 февруари сфатил дека нешто не е во ред, бидејќи упорно ѝ ѕвонел преку телефон на Неда, а не можел да ја добие.

2209
FOTO Blic

Српската актерка Неда Арнериќ (65) по 40 дена, е пуштена од ВМА на домашно лекување, пишува српски „Блиц“.

– Сè оди по својот тек. Неда е многу подобро и полека се враќа во рутината. Со блиските пријателки кои воедно се и нејзини колешки, веќе почнала да зборува за враќањето на сцена, и ако сè биде според планот, наскоро повторно ќе ја гледаме во театарот – рекла една од пријателките на актерката за магазинот „Глорија“.

Покрај славната актерка нонстоп е нејзиниот брат кој таа вечер, на 27 февруари сфатил дека нешто не е во ред, бидејќи упорно ѝ ѕвонел преку телефон на Неда, а не можел да ја добие.

Таа среда, околу 21 часот, братот ја нашол актерката како лежи на подот во бесвесна состојба. Неда била однесена со Итна помош на ВМА, на одделението за токсикологија. Лекарите тогаш се бореле за нејзиниот живот.

Во текот на лекувањето на ВМА, на Неда од ден на ден ѝ било подобро, но во еден период била многу нерасположена иако не негодувала кога лекарите ѝ рекле дека ќе мора да остане во болницата за да го следат нејзиното закрепнување.

ФОТО: Блиц.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...