Охрид њуз јавува: На градот му се заканува голема поплава! (ВИДЕО)

Охрид њуз тврди дека склучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Постои опасност од еколошка катастрофа.

5808

Тешка ноќ за Охриѓани! Циклонот Алексеј не ги штеди и можна е голема поплава!

Порталот Охрид њуз нешто пред полноќ јави дека јужниот ветер, кој попладнето дуваше со умерена сила во Охрид, синоќа се засилил. Под вода се делови од кејот и улицата Коста Абраш пред Капетанијата на пристаништата. Водата повторно навлегува во угостителските објекти на првата брегова линија во центарот на градот и населбата Канео. Во одредени објекти има нови штети.

Информации за поплави во угостителски објекти лоцирани на самиот брег на езерото вечерва доаѓаат и од Струга.

Охрид њуз тврди дека склучително загрижувачка е состојбата со колекторскиот систем кој е пред колапс. Постои опасност од еколошка катастрофа, бидејќи висок е водостојот на Дрим кај пречистителната станица Враништа. Поради тоа, се бара да се намали испустот на вода од Охридското Езеро во Црн Дрим на 20-30 литри во секунда.

Наспроти ова, попладнево во тек е максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон Црн Дрим. Зголемен е преливот од акумулацијата Глобочица и постои опасност од прелевање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...