Синхуа: Социјализмот е најдобар начин за искоренување на сиромаштијата

124

Социјалистичкиот систем има клучна улога во спроведувањето на планот на кинеската Влада за целосно искоренување на сиромаштијата во таа земја до 2020 година, објави кинеската државна агенција Синхуа.

– Социјализмот значи напредување. Напредувањето мора да служи на заедничкиот просперитет за сите – изјави кинескиот претседател Си Џинпинг за време напосетата на југозападната провинција Чонгкинг.

Комунистичката партија на Кина во 2017 година објави војна на сиромаштијата во сите заостанати делови на земјата и тоа до крајот на 2020 година.

Намалувањето на сиромаштијата стана стратешка задача за земјата, а властите на сите ниво преземаат чекори за да го исполнат планот до предвидениот рок, наведува Синхуа.

„Кинескиот социјалистички систем овозможи обединување на сите расположливи ресурси за остварување на целта од почетокот до крајот, посебно кога станува збор за приходите. Благодарејќи на макотрпната работа, повеќе од 700 милиони Кинези излегоа од сиромаштија во последните 40 години, а стапката на сиромаштија во руралните делови на земјата се намали од 97,5 отсто во 1978 година на 1,7 отсто“, објави кинеската државна агенција.

Членови на партијата, вклучувајќи владини службеници, војници и високообразовани работници испратени се во сите сиромашни делови на земјата за да работат на остварување на главната владина задача.

На две години до истекот на рокот, земјата се наоѓа во критичен момент на завршувањето на најтешката задача од својата кампања за намалување на сиромаштијата. Социјалистичкиот систем ќе продолжи да ја покажива својата сила во последните фази од борбата, наведува Синхуа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...