Јувентус сѐ поблиску до шампионската титула

Во дербити со МИлан, Јувентус победи со 3:1, додека Наполи, кој е на втората позиција во серијата А, киксираше и извлече 1:1 со Сасуоло.

293
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јувентус е сѐ поблиску до нова одбрана на титулата во Серија А. Во дербито против Милан, шампионот победи со 3:1  и сега има 78 бодови по 30 одиграни средби, што е четири повеќе од вториот Наполи.

Јувентус сега има четири бода повеќе од наполитанците, на гостувањето кај Сасуоло киксираа и одиграа 1:1.

Јувентус против Милан поведе со голот на Дибала во 8 минута, но Бонучи израмни во 28 минута. Во последните 15 минути од натпреварот Јувентус даде два гола – Квадрадо во 79 минута и Кедира со голот во 87 минута.

Јувентус на домашен терен во вторник игра со Реал Мадрид, во првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони.

Фото: EPA / ALESSANDRO DI MARCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...