Четириесет и осумгодишен полицаец починал во болница откако бил ранет за време на должност во Босна и Херцеговина.
Тој вчера бил ранет од страна на 44-годишник, кој претходно со нож во градите го прободел својот татко.
При доаѓањето на полицијата, тој ја зел ловечката пушка и пукал кон несреќниот полицаец.
Убиецот имал психички проблеми и се лечел на психијатрија.