Трите ќерки на сопственикот на АСОС, милијардерот Андерс Холч Повлсен, биле убиени во терористички напад на Шри Ланка.
Веста за БТ ја потврдил Џеспер Стубкиер, директор за комуникации во фирмата „Бестселер“.
Сведокот Киеран Арасаратнам за Би-Би-Си изјавил дека видел „жена од Данска која ги изгубила трите деца“.
– Рече „молете се за мене, молете се за мене“ – рекол тој.
Подоцна на Фејсбук напишал:
– Семејство од Данска со три деца. Родителите преживеале. Децата изгледа починале. Имам три деца и точно знам како се чувствуваат.
Според Форбс, 46-годишниот Повлсен е најбогатиот човек од Данска и „тежи“ 7,9 милијарди американски долари.
Покрај настраданите, Повлсен има уште едно дете.
ФОТО: Фејсбук и Инстаграм