Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири вчерашната тесна победа на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски ја дефинира како „горчлива победа и дека резултатот треба да е поука за сите нив оти граѓаните знаат да наградат но и да казнат. Тој побара и одговорност за дел функционери од СДСМ.
– Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас!!!
Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река!!!
Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ, напиша на Фејсбук Зекири.