Шарапова не е бремена, во Мадрид не игра поради повреда на рамото

106

Руската тенисерка Марија Шарапова, одговарајќи на прашања од фановите на Инстаграм, ги отфрлии шпекулациите дека е бремена.

– Дали сум бремена? Не, – напиша Шарапова.

Неодамна, поранешниот прв рекет на светот се повлече од турнирот во Штутгарт. Таа ќе го пропушти и турнирот во Мадрид од 4 до 11 мај, по што се појавија шпекулации дека е бремена.

Според Шарапова, причина за отсуството е недоволно време да закрепне од повреда на рамото.

За потсетување, 32-годишната Шарапова се состанува со британскиот милионер Александар Гилкс, основач на аукциската куќа „Падел 8“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...