По првиот круг на предвремените избори за градоначалник во Охрид и Ново Село, ниту еден од кандидатите не освои доволно гласови за да го добие мандатот, па градоначалник во овие места ќе се избере во вториот круг на 5 мај.
Според резултатите на ДИК за Охрид, каде се обработени 100 отсто, во вториот круг ќе се борат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиевски и Митре Милошевски.
Кандидатот на СДСМ во првиот круг освои 2.423 гласови повеќе од тој на ВМРО-ДПМНЕ.
Во Ново Село, пак, по првиот круг, во тесно водство со 60 гласа е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков, пред тој на СДСМ, Никола Андонов. Втор круг ќе има, затоа што вкупниот број на неважечки ливчиња – 103, е поголем од разликата помеѓу двата кандидата.