Швајцарски пронајдоци што го променија светот

411
ФОТО: Pexels / Бесплатна фотка / не пишувај ова не мора

Страницата „houseofswitzerland“ набројува неколку швајцарски пронајдоци што го променија светот.

  1. Патент – Мартин Винтерхалтер (1925) – Американците можеби ја имале идејата, но во Швајцарија ова било направено перфектно. Една од легендите вели како Винтерхалтер ја штител својата машина во Германија и Луксембург од нацисти со шверцување во Швајцарија.
  2. Велкро – Жорж де Маестрал (1941) – Сајтот наведува оти може на друг Швајцарец ќе му текне да ја намали вревата што ја прави Велкро, како и да го дознае името на кучето што го инспирирал де Маестрал.
  3. Рекс за лупење на зеленчук – Алфред Њукзерзал (1947) – Оригиналниот Рекс брзо се произведувал, бил евтин а сепак со одличен квалитет. Лесно можел да се употребува и со лева и со десна рака.
  4. Нескафе – Макс Моргенталер (1936) – Во 1929 година, Бразил завршил со голем вишок на кафе како резултат на падот на Волстрит. Швајцарската фирма Нестле била задолжена со мисија да го спаси бразилското кафе со тоа што ќе направи нешто со неверојатен вкус. По пет години пропаднати обиди, Нестле како да дигнал раце. Но, хемичар тајно не престанал да се обидува да добие течност со добар вкус во својата кујна. Во 1936, Макс ја презентирал победничката формула на Нестле.
  5. Боб патеката – Каспар Бадрут (1870) – Овој спорт не го измислиле Швајцарците, ами за тоа биле задолжени неколку британски туристи во доцниот 19 век. Но, Бадрут е тој кој оваа активност ја преуредил и ја „дотерал“.
  6. Веб или светска мрежа – Тим Бернерс Ли во ЦЕРН (1989) – Комбинацијата од британски идеи и швајцарска практика, се чини оти е добитна.
  7. Распоред на Дуду – Мајкл Неф и Пол Е. Севинч (2007) – Во Швајцарија не е во „мода“ да се доцни. Во земја каде возовите тргнуваат во истата секунда кога тоа е потребно, пет минути доцнење е премногу.
  8. Целофан – Жак Е. Бранденбергер (1912)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...