Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш е огорчен поради терористичките напади на Шри Ланка, соопшти неговиот портпарол.
Гутереш истакна дека безбедноста на сите свети места е приоритет и оти се надева дека извршителите на нападите набрзо ќе бидат изведен пред лицето на правдата.
Тој го пофали единството на народот на Шри Ланка.
Во вчерашните напади врз цркви и хотели на Шри Ланка загинаа над 200, а повредени се стотина луѓе.
ФОТО: EPA-M.A.-PUSHPA-KUMARA