Ослободени тинејџерите кои беа осомничени за убиството на новинарката во Северна Ирска

72
ФОТО: EPA / JOE BOLAND / NORTH WEST NEWSPIX

Двајцата тинејџери, кои беа уапсени во врска со убиството на новинарката Лајра Меки за време на немирите во Лондондери, синоќа се пуштени од притвор и против нив не е поднесено обвинение.

Ослободените тинејџери се на возраст од 18 и 19 години.

Меки (29) беше наградувана новинарка, која пишувала за исчезнувањето на млади луѓе за време на повеќедецениското насилство во Северна Ирска.

Таа беше убиена за време на немирите во четвртокот, откако млади северноирски националисти се судрија со полицијата.

ФОТО: EPA / JOE BOLAND / NORTH WEST NEWSPIX

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...