Заев: Пендаровски води со 4.000 гласа, поголема победа во вториот круг ВИДЕО

981

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вечерва истакна дека Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат води во првиот круг од претседателские избори и дека тој ќе биде претседател на државата зошто очекува победа и на 5 мај.

– По проверени гласови од над 98 проценти од избирачките места, Стево Пендаровски има 321.901, а Гордана Силјановска – Давкова 316.872 гласа – рече Заев.

Тој ги повика сите граѓани да излезат на гласање во вториот круг за да победи напредокот на земјата, а не државата да се враќа назад.

– Му честитам на Стево Пендаовски за победата во првиот круг, а ќе биде уште поголема во вториот круг – порача Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...