Пукање во центарот на Подгорица, двајца убиени

Црногорските медиуми јавија дека веројатно станува збор за пресметка меѓу мафијашки кланови. 

940

Во центарот на Подгорица денеска се убиени двајца од страна на засега непознато лице.

Центарот на Подгорица е блокиран, а црногорската полиција врши увид.

Лицето кое пукало е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Црногорските медиуми јавија дека нападот се случил во кафулето „Форум“.

Двете лица врз кои е пукано се пренесени во болница, од каде е соопштено дека починале.

Црногорските медиуми јавија дека веројатно станува збор за пресметка меѓу мафијашки кланови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...