Стево Пендаровски ќе биде идниот претседател на нашата држава, рече вечерва Алексанар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на штабот на претседателскиот кандидат.
– Предноста на Стево Пендаровски ќе значи сигурна победа и во вториот круг, и очекуваме граѓаните да го поддржат и тогаш. Нема да набројувам во кои населени места води Пендаровски бидејќи ова се претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат. Нашата Македонија ќе добие вистински претседател и Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани. Над 2 и пол отсто води Пендаровски пред Сиљановска, и многу повеќе од Блерим Река. Предноста е евидентна и победата на Пендаровски во првиот круг е повеќе од јасна – рече Кирацовски.