ВМРО – ДПМНЕ победува, народот ја избра Гордана, против народот не се може, вечерва победува Македонија проив Северна, водиме во огромен број општини, рече Игор Јанушев, генералниот секретар на најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ.
– Радувај се Македонија, ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, готови се. Гордана Сиљановска Давкова е изборот на народот. Гордана ќе биде! Народот покажува дека е мудар, енергичен кога треба и секогаш е во право. Правдата доаѓа. Водиме во огромен број на избирачки места и општини, ВМРО ја победува власта. Водиме против кандидатот поддржан од СДСМ, ДУИ, ДПА, ЛДП, НСДП и целата власт!Против народ не се може – рече Јанушев.
Тој објави дека од 43 отсто обработени податоци од избирачки места Гордана Силјановска води во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, но и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода.
Според партискиот штаб каде вечерва атмосферата е еуфорична, Силјановска победила во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров.