Мицкоски: Засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија ВИДЕО

129

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска гласаше во ОУ „Димо Хаџи Димов” во населбата Влае.

„Денеска граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето и со пенкалото во рака зад гласачката кутија масовно да излезат и одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против лагите, корупцијата, невладеењето на правото, немањето демократија во државата, нечесните политичари наспроти честитоста, искреноста и принципиелноста“, изјави Мицкоски по гласањето.

Тој рече дека очекува демократски ден каде граѓаните масовно ќе излезат и ќе се изборат за правдата наспроти оваа неправда која е секојдневие, наспроти т.н. лаги што ни ги пренесуваат политичките елити во државата и што се на власт.

„Посакувам еден успешен ден во кој ќе победи демократијата во Република Македонија“, рече Мицкоски.

Мицкоски им го честиташе празникот Цветници на сите христијански верници и додаде дека бил на литургија во црквата „Св. Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...