Река: Ќе докажеме дека сме држава спремна за ЕУ

64

Кандидатот за претседател Блерим Река заедно со сопругата го оствари своето право на глас во oсновното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел.

– Со вакво убаво време, мислам дека и расположението на граѓаните е такво. И се надевам дека со оваа ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе докажеме дека имаме институционален,  административен и политички капацитет државата да ни оди кон евро-атланските интеграции- изјави Река.

Река ги повика сите граѓани масовно да излезат за да го искористат нивното уставно и законско право и да гласаат, како што рече, за оној за кој тие мислат дека е најпогоден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...