Одѕивот во првиот круг од Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700.000 граѓани, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.
Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто, а најниска во Боговиње 17,93 отсто.
На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.
До 18.30 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-радовишкиот регион е забележана во општина Конче со 52 отсто од запишани 2.744 избирачи.
Во Ново Село за претседателските и за предвремените избори за градоначалник од вкупно запишани 11.301, односно 11.364 гласачи, излегле над 47 проценти. Според Општинската изборна комисија постигнат е цензусот за избор на градоначалник на предвремените избори.
Во Струмица до 18.30 часот гласале 44 отсто од запишаните вкупно 49.162 избирачи, а во Радовиш гласале 34.5 или 8.315 избирачи од 24.201 запишани гласачи во избирачкит список.
Во Општина Босилово излегле 44 отсто од запишаните 12.163 гласачи, а во Василево 43 проценти од 10.036 запишани избирачи.
Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 109.670 граѓани со право на глас, кои гласаат на вкупно 192 избирачки места.