До 17 часот, врз основа на податоците од 79,73 отсто од избирачките места, излезноста е 35,13 отсто. Ако се следи овој тренд на процентуална излезеност ако се обработени сите гласачки места тоа би значело дека досега на гласање излегле околу 600.000 граѓани.
Ова се податоците кои од ДИК ги соопштија на последната прес-конференција.
Најголема излезност има во Крива Паланка – 57,83 отсто. Во емир Капија 52,78, во Демир Хисар 51,94, а во Крушево 50,64 отсто, во Прилеп 50,3 отсто.
Најмала, пак, во Липково – 13,55, Желино 13,62, Центар Жупа 12,67 и Пласница 12,04 отсто.