Полицијата вчера околу 12.30 часот, на автопатот Гевгелија-Скопје, после клучката Смоквица, во комбе „форд транзит“ со скопски регистрации пронашла 58 мигранти.
Од нив 56 биле од Пакиста, а двајца од Сирија. Кога полицијата го запрела комбето, возачот избегал.
Петнаесетина минути подоцна, на влезот во Гевгелија полицијата запрела автомобил „голф“, кој претходно се движел пред комбето со мигранти и поради сомнение дека се вмешани во криумчарењето, привеле 22-годишно момче од Богданци, 27-годишник од Гевгелија, а подоцна било приведено и едно лице од Косово.
Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.