Меган Маркл и принцот Хари со бебето ќе се селат во Африка

2958

Меган Маркл и принцот Хари, веќе се преселија во нивниот нов дом, каде го чекаат раѓањето на нивното прво дете. Но, британските медиуми, пишуваат дека тие веќе планираат нова голема преселба.

Откако ќе се навикнат на новиот живот со бебето, популарниот пар планира да се отсели во Африка. Таму Меган и Хари би живееле најмногу три години, а причината е што ќе бидат хуманитарна мисија.

Информацијата на медиумите им ја открил поранешниот личен секретар на кралицата Елизабета Втора, Лорд Геид. Локацијата каде точно би живееле тие, сѐ уште не е позната, но се знае дека нивниот ангажман таму ќе се базира за хуманитарна работа во склоп на организацијата Commonwealth.

Многумина во британската јавност се прашуваат зошто решиле да заминат да живеат одредено време во Африка, но медиумите потсетуваат дека овој континет има посебно место во срцата на Меган и Хари. Токму таму тие се заљубиле еден во друг и првото заедничко патување како кралска двојка им беше таму. Хари од Африка го купил и дијамантскиот прстен со кој ја запроси Меган, а таму го прославија и нејзиниот 37. роденден.

Принцот Хари и јавно не криеше колку му значи Африка, нарекувајќи ја „неговиот втор дом“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...