Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, очекува фер и демократски изборен ден, што, според него, е многу важно за патот на Северна Македонија кон Европската унија.
– Граѓаните да излезат и да гласаат мирно. Да го дадат својот глас за оној за кого одлучиле. Да гласаат за правна држава, да гласаат за држава за сите, да продолжи патот кон НАТО и ЕУ – рече Села.