Прилепчанец гласал со потпис на сопругата

568

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии, гласањето се одвива во најдобар ред, без посериозни неправилности, соопштија од МОСТ.

Тие забележале само две изолирани неправилности.

Едната е на гласачко место во Центар каде на почетокот на гласањето биле откинати три ливчиња заедно со серискиот број од кочанот.

– Втората е на гласачко место во Прилеп, откако едно гласач гласал било увидено дека не бил запишан во Избирачкиот список, но тој гласал заедно со неговата сопруга која била запишана во Избирачкиот список и која се потпишала во истиот – соопштија од МОСТ.

Според нивните податоци, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2 отсто, до 12 часот е 15,9, а до 13 часот е 20,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...