Кога е најдобро треба да се размислува на подобро. Општина Кавадарци е навистина добра, има мал процент на невработеност, платите растат. Со стратешките потези кои ги правиме, со отварањето на граничен премин во Кавадарци, со добрите соседски односи со Република Грција, мислам дека инвестициите ќе достигнат поголемо ниво, така да стандардот на населението треба да се подигне на повисоко ниво и подобро да се живее.
Ова го изјави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, откако денеска го искористи своето право на глас на претседателските избори. На гласачкото место дојде со сопругата и едно од децата. Рече дека очекува мирни, фер и демократски избори, без инциденти и во најдобар ред. Нагласи дека секој треба да излезе и да го искористи своето гласачко право.
– Очекувам патот кој почна да го чекори нашата држава да го заврши во целост, целосна имплементација во НАТО и преговори за влез во ЕУ. Очекувам нашата Република Северна Македонија да се движи во правец на приближување кон земјите членки на Унијата – додаде Јанчев.