Од Клиничкиот центар во Скопје во полиција синоќа било пријавено дека кај нив со повреди од сообраќајна незгода бил донесен Ј.М. (82) од Скопје.
Во разговор со полициските службеници тој изјавил дека истиот ден околу 18 часот на улица „Маџари“ бил удрен од мотоцикл со непознати регистарски таблици, кој избегал.
Се работи на расчистување на случајот.