Белградски таксист е повреден и прободен со шприц со игла во врат вчера околу четири часот наутро. Маж и жена го нападнале и се обиделе да го ограбат.
Во возилото прво влегла помлада жена и побарала од таксистот да одат на друга адреса за „да го земат нејзиниот пријател“. Кога тој влегол во таксито, му ставил нож под грло на несреќниот човек, а таа му се заканила со шприц со игла за која тврдела оти е инфицирана.
Таксистот тврдел дека нема пари бидејќи само што ја започнал смената. Потоа двајцата муштерии го нападнале, го удриле, а жената го прободела со иглата.
Возачот го искористил моментот кога тие барале пари по возилото и успеал да им побегне.
Жената, која заедно со соучесникот е уапсена, тврдела дека има хепатитис и дека иглата е заразена, па таксистот бил спроведен на Инфективна клиника на преглед.