Гласале 55 отсто од затворениците

До 18.30 ласале и 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор.

124

На тринаесетте гласачки места во казнено поправните установи во земјава каде своето право денеска можеа да го остварат 1.640 гласачи се затворени, гласањето течело без проблеми, а илезноста до 18.30 часот изнесува околу 55 отсто, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

– Во текот на денешниот ден своето гласачко право го остварија и гласачите во единствениот Центар за раселени лица – рече Гугучевска.

Таму се сместени седуммина гласачи.

Прв пат гласале и гласачи во два старачки дома. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.

Гугучевска нагласи дека денеска избирачките одбори го спроведуваат и гласањето на лица, кои се болни и немоќни, како и на оние кои се во куќен притвор.

Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен пртивор.

– Досега гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор. Ова гласање сѐ уште трае, се додека сите кои се пријавиле не го остварат своето право – рече Гугучевска.

Таа потсети дека е активен бесплатниот телефонски број 0800555444, на кој заинтересираните можат да се јават да постават прашање и да остават коментар до ДИК, заедно со своите податоци. Новина во комуникацијата за граѓаните со оштетен слух и говор е тоа што на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488-360, на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...