ЦИВИЛ регистрира над 30 прекршувања на изборниот молк

Од полноќ, кога стапи во сила изборниот молк, ЦИВИЛ бележи преку 30 случаи на кршење на изборниот молк, меѓу кои и случај во кој сторител е и една поголема политичка партија, како и една помала.

273

Лидер на една маргинална политичка партија, во изборен молк, повикува на бојкот… Вработен во МРТВ, фејсбук страници на одделни формални и неформални политички групации, активисти на политички партии и низа други, агресивно го кршат изборниот молк, информира ЦИВИЛ.

Од полноќ, кога стапи во сила изборниот молк, ЦИВИЛ бележи преку 30 случаи на кршење на изборниот молк, меѓу кои и случај во кој сторител е и една поголема политичка партија, како и една помала. Црната кампања е присутна и за време на изборниот молк, како и агитирањето на социјалните медиуми.

Според ЦИВИЛ, дел од интернет порталите, исто така, не се придржуваат кон изборниот молк и објавуваат манипулативни содржини и текстови што ги содржат имињата на политичките партии и нивните кандидати за претседател.

ЦИВИЛ повеќе пати ги повика политичките структури во Република Северна Македонија да го почитуваат Изборниот законик, а со тоа и изборниот молк. Институциите се повикани да ги регистрираат овие случаи и да реагираат соодветно на своите законски ингеренции.

Граѓанките и граѓаните имаат право да бидат оставени на мира да донесат информиран избор и да гласаат според сопствена волја. Сите пријави од мониторингот на ЦИВИЛ и од граѓанките и граѓаните, ќе бидат достапни на институциите доколку решат да ги процесираат, како што налагаат законите.

ЦИВИЛ ги повика граѓанките и граѓаните да пријавуваат нерегуларности и со тоа да придонесат кон одржување слободни, фер и демократски изборен процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...