Автомобил „порше кајен“ изгоре утрово на паркинг во скопската населба Аеродром, а огнот зафатил уште две возила, информира полицијата.
Според полицијата автомобилот чиј сопственик е М.Ј.(43) од Скопје е запален рано утрината на булеварот Јане Сандански.
Полицијата соопшти и дека во пожарот биле зафатени и две други возила „сузуки“и „пежо“.
Извршен е увид.