Најголема излезност до 18.30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Најмала излезност за време на гласањето денеска за шесттите претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија до 18.30 часот е регистрирана во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).
Вкупната излезност во странство до 18.30 часот 38,51 отсто, односно гласале 686 гласачи, а во неа како што појасни портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска вечерва на втората прес-конференција, не се вклучени шест избирачки места во САД и Канада.
-Тие сѐ уште се отворени и гласањето таму ќе се одвива до 19 часот по локално време. На 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава се пријавиле 1.781 гласач – информира Гугучевска.