Слеп Јапонец направи историски потег, го преплови Тихиот Океан со едрилица

Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање.

161

Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија.

Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри.

На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит.

Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија.

Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање.

Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...