Седумгодишно девојче вчера се лизнало и при падот тешко се повредило во училишниот двор во село Тополица каде што учело.
Девојчето е пренесено во гостиварската болница каде што му била укажана помош и е префрлено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека вчера во Полициската станица во Гостивар е пријавено дека во село Топлица, гостиварско, седумгодишна ученичка паднала во кругот на училиштето и се здобила со тешки телесни повреди.
„Според пријавеното, за време на одмор, обидувајќи се да се напие вода од чешмата во кругот на училиштето, девојчето се лизнало и паднало“, соопшти полицијата која презема мерки за расчистување на случајот.