Истерување „црна магија“ ја чинело 700 евра и два златника

Полицијата соопшти дека при апсењето кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената.

279

Гатачка од Бугарија измамила Скопјанка и при тоа наплатила 700 евра и две златни лири. Полицијата ја откри и упаси.

Станува збор за С.Н.Б. (56) од Република Бугарија, со живеалиште во Скопје која според полицијата случајно се сретнала со сега ограбената жена и во разговор ѝ кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје, при што во три наврати С.Н.Б. одзела вкупно 700 евра и две златни лири од оштетената.

Полицијата соопшти дека при апсењето кај С.Н.Б. биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против С.Н.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...