Марко Пејчиновски кој боледува од инфаркт на коската на долните екстремитети oткако лани успеа да го преплива Охридското Езеро, годинава најави дека повторно ќе плива за децата со ретки болести.
На плоштадот во Охрид денеска се организираше хуманитарна продажна акција, а дел од парите собрани ќе бидат наменети за помош во реализација на новиот спортски потфат на Марко.
Храбриот осмооделенец има амбиција да стане и професионален пливач па дури и да го преплива Ла Манш.