Болните од Тиквешијата го дадоа својот глас

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Зоран Костов, право на глас во Кавадарци имаат вкупно 32.109 граѓани, а ќе се гласа на 59 избирачки места.

62
ФОТО: EPA/NAKE BATEV

Вкупно 55 болни и немоќни лица имаат можност да гласаат денеска во Кавадарци за претседателските избори, во Неготино право на глас можат да остварат 44 лица, во Демир Капија 33, а во Росоман 13, информираат од општинските изборни комисии.

Гласањето се одвива без проблеми.

Според претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Зоран Костов, право на глас во Кавадарци имаат вкупно 32.109 граѓани, а ќе се гласа на 59 избирачки места.

Во Неготино, пак, 15.805 граѓани со право на глас утре имаат можност да гласаат на 28 избирачки места. Во Росоман согласно Избирачкиот список се евидентирани 3.358 граѓани со право на глас на 10 избирачки места, а 11 избирачки места ќе бидат отворени во Демир Капија за 3.331 лице.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...